На атлетичарите од Јамајка кои ќе настапат на престојното Светско Првенство им беа направени допинг тестови во нивниот камп во Москва, на 5 дена до стартот на Мундијалот.
Атлетичарите од Јамајка во последните два месеци се под засилен надзор, бидејќи поранешниот светски рекордер на 100 метри, Асафа Пауел и неговата колешка од репрезентацијата Шерон Симпсон беа меѓу 5-те натпреварувачи позитивни на допинг тест на националното првенство во Кингстон.
Официјалните лица на репрезентацијата на Јамајака истакаа дека Светската анти-допинг агенција изненадно влегла во нивниот камп во Москва како и дека никогаш до сега не се случило да биде тестирана целата репрезентација.
Светското првенство во Москва кое на програмата е од 10-ти до 18 август ќе го следите на нашата програма.