Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган во вчерашниот телефонски разговор со рускиот колега Владимир Путин, побара прекин на огнот и подобри хуманитарни услови за цивилите по руската инвазија врз Украина.
– Претседателот Ердоган изјави дека Турција ќе продолжи да дава секаков вид на поддршка на процесот , објави кабинетот на турскиот претседател на Твитер.
Во твитот се додава дека Путин и Ердоган се договориле следната рунда мировни преговори меѓу Русија и Украина да се одржи во Истанбул.