Меркосур: ОН да изработи механизам за борба против шпионирањето

Од:

Министрите за надворешни работи на земјите од јужноамериканскиот трговски блок Меркосур, денеска во разговор со генералниот секретар ОН Бан Ки-мун изразија револт поради информациите за американското шпионирање, истакнувајќи дека е неопходно во рамките на ОН да биде создаден механизам за спречување на шпионските активности.

Венецуелскиот министер за надворешни работи Елиас Јауа Милано, чија земја моментално претседава со Меркосур, изјави дека активностите за следење на комуникациите на американските власти, кои ги објави поранешниот соработник на ЦИА Едвард Сноуден претставуваат кршење на меѓународното право, како и дека имаат големо влијание на политичката стабилност на земјите.

Министрите за надворешни работи на Аргентина, Бразил, Венецуела и Уругвај, исто така, разговараа со Бан и за нивното соопштение усвоено на 12 јули, во кое се повикуваат земјите членки на ОН да предложат начини за спречување на шпионирањето и воведување санкции кон САД.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Сноуден: Не можете да го спасите Навални, но сепак можете да го спасите Асанж

Предраг Петровиќ

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата