ВМРО-ДПМНЕ: Џабе просечна плата 500 евра, кога трошоци за живот се 1000 евра, а најчестата плата е далеку под просекот

Од:

После цели пет ипол години власт срамно е што Ковачевски се фали со 500 евра просечна плата, во време кога реалните трошоци за живот се 1000 евра велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Наместо да се фалат со просечната плата, Владата на СДСМ треба да каже која е најчесто исплатената плата, која реално е далеку под тие 500 евра. Просекот на исплатената плата вештачки се крева од страна на помал број на луѓе чии плати се енормно високи, и затоа реперот треба да биде платата која најчесто се исплатува на пазарот на труд. Воедно тие 500 евра плата најмногу ги троши инфлацијата, струјата која СДСМ ја поскапи, зејтинот, бензините, лебот, млекото. Тие 500 евра плата на Ковачевски се доволни само во паралелниот свет на власта каде тече мед и млеко, има тендери и добра заработка на политичарите кои како голтари влегоа во политиката а сега се милионери. А во реалниот свет на обичните граѓани има беспарица, невработеност и сиромаштија која расте, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните