Пакистан денеска соопшти дека нема ниту еден смртен случај поврзан со коронавирус за 24 часа, по првпат во две години, што е еден знак дека петтиот бран на пандемијата се движи побавно, јави ДПА.
Властите ги тргнаа сите ограничувања минатата недела и сега животот е вратен на предпандемиското нормално.
Најмалку 433 нови случаи на Ковид-19 се евидентирани последните 24 часа, информираше Министерството за здравство.
Првиот случај на коронавирус Пакистан го регистрираше на 26 февруари 2020 година. Досега, земјата има вкупно 1.522.862 случаи и 30.333 починати лица со Ковид.
Пакистан со 220 милиони жители, има администрирано над 219 милиони дози вакцини. Повеќе од 101 милион се целосно вакцинирани, откако почна имунизацијата во февруари 2021 година.
Извор: МИА