УЈП во 84 маркети на „КАМ“ пребројува шеќер, зејтин, брашно, се утврдува дали залихата е иста како во сметководствената евиденција

Од:

Во 84 маркети на „КАМ“, втор ден инспектори од Управата за јавни приходи, пребројуваат роба. Се проверува дали залихите кои ги имаат во магацините, се во исти количини со оние кои ги набавиле и ги имаат во сметководствена евиденција. Акцијата доаѓа како редовна контрола, велат од УЈП, а потврдуваат и од фирмата, а се случува откако „А1он“ објави дека во „КАМ“ не се продава масло за јадење, за што Пазарна инспекција изрече и казни. Тогаш раководството на маркетите кажа дека тие немале масло, а сега УЈП ќе утврди кога го набавиле и во колкави количини.

Според информации од „А1он“, фокусот на пребројување е ставен кај основните производи, како што се брашно, зејтин, шеќер.. Од УЈП велат дека досега немаат запечатено маркет, а пописот ќе заврши денеска. Ова е само една од низата проверки кои ги правеле инспекторите. Претходно, вакви обемни контроли имале кај голем трговец со тестенини, но и кај други големи маркети.

„Заради прекин на пописот во доцните вечерни часови на 21/03/2022 година и обезбедување на просториите со цел да не настанат евентуални измени во фактичката состојба на залихите во продавниците и магацините , Управата за јавни приходи, изврши запечатување на објектите. Сите објекти во раните утрински часови на 22/03/2022 година се отворени, односно службениците од УЈП ги отстранија пломбите во присуство на вработените на даночниот обврзник и со пописот се продоложува во текот на денешниот ден и се планира да заврши денес. Исто така би сакале да укажеме дека извршување на увид во состојба на залихите е редовна активност на Управата за јавни приходи, увид во состојба на залихите може да се врши и се вршат и при редовни контроли на ДДВ како метод преку кој се утврдува и проверува приходот на даночните обврзници. Имено, Управата за јавни приходи и во изминатиот период исто така извршуваше увид во состојба на залихи кај даночни обврзници кој вршат дејност на трговија на мало со облека, трговија на мало со овошје и зеленчук итн., и продолжува со извршување на ваков вид на контроли кај други даночни обврзници за кои има или ќе има сознанија за нерегуларности“, велат од УЈП за „А1он“.

Од „КАМ“ маркетите го потврдуваат кажаното од УЈП и посочуваат дека во текот на денот, ќе се нормализира работењето.

„Се работи за редовна контрола. Оние објекти кои во моментот не работат се затворени заради обезбедување услови за непречено одвивање на работата на инспекторите: спроведување попис и останати потребни активности. Во текот на денот, очекуваме КАМ маркетите да продолжат со редовното работење“, велат од фирмата.

„А1он“ минатата недела објави дека иако имаат на залиха, масло за јадење од маркетите на „КAM“ можеше да се добие гратис само ако купувачите направат сметка над 800 денари. Тие ги демантираа овие тврдења. Подоцна, пазарните инспектори по пријава од нашата редакција го утврдија она што „А1он“ го сними на терен. Три маркети на „КАМ“ добија казна од 12.000 евра за фирмата и 3.600 евра за одговорното лице од Пазарната инспекција.

Би можело да ве интересира

Поради зголемен прилив на ДДВ-04 пријави, системот Е-даноци работи забавено

УЈП очекува детали од Министерството за финансии за најавеното намалување на даноци

Констатирани неправилности кај шест даночни обврзници во општина Виница

ВМРО-ДПМНЕ: Парите што се краделе од СДС и ДУИ сега завршуваат во буџетот

Петрова ја презеде директорската функција во УЈП

Елена Петрова нов директор на УЈП, Бобан Николовски на Царинската управа