Велика Британија ја обвини Русија за лажни повици до министрите

Од:

Велика Британија денеска ја обвини Русија дека стои зад лажните повици испратени до министрите на владата во Лондон, при што соговорникот се претставил како премиерот на Украина Денис Шмихал.

Британскиот министер за одбрана Бен Волас рече дека разговарал со измамникот преку видео врска во четвртокот, министерката за внатрешни работи Прити Пател рече дека добила сличен повик, додека министерката за култура Надин Дорис соопшти дека не успеала да разговара со него.

Волас рекол дека му станал сомнителен и ја прекинал врската бидејќи лицето кое се јавило „поставило неколку погрешни прашања“. Тој ја обвини Русија за „валкани трикови“.

Портпаролот на британскиот премиер Макс Блејн денеска изјави дека „Русија е одговорна за лажните повици упатени до министрите минатата недела“.

Британските власти се загрижени дека Русија би можела да објави монтирани делови од тие повици како дел од кампањата за дезинформација, со цел да се посрамоти Велика Британија.

Блејн предупреди дека „ова нема да биде последен обид“ и го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека го прави тоа со цел „да ги скрие размерите на конфликтот и неуспесите на Русија на бојното поле“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Од Русија стигна соопштение: Наскоро ќе се потпише голем договор со Иран

(ВИДЕО) Напад на синагога и црква во Русија: Има мртви

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Москва ја опустоши невреме, се формираше торнадо: Најмалку две лица загинаа

Предраг Петровиќ

Ким Џонг-Ун: Ова е историски момент

Небензја: Русија ќе бара меѓународно признавање на нацистичките злосторства во СССР

Ликвидирани се киднаперите од истражниот затвор во Ростов на Дон