Интер на продажба

Од:

Претседателот на калчолигашот Интер, Масимо Морати објави дека го продава клубот со цел негов развој во иднина и враќање во врвот на италијанскиот и европскиот фудбал.

– Одлучив дека најдобро за иднината на клубот е да го продадам. Интер има долгови слични на повеќето светски клубови и поради тоа многу сум загрижен. Многу сме слаби на финансиски план, истакна првиот човек на Интер.

Тој ја оцени вредноста на „неро-азурите“ на многу поголема сума отколку што тоа го покажуваат приходите.

– Работам за доброто на Интер и на навивачите. Ако треба и понатаму ќе останам да помагам, ама мислам дека го достигнав максимумот и дека станав пречка за понатамошен развој на клубот, изјави Морати за „Газета дло Спорт“.

Според италијанскиот весник Морати продава околу 75% од акциите на индонезискиот тајкун Ерик Тохир за сума од 300 – 350 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска