Владата ја продолжи забраната за извоз на пченица и брашно

Од:

Владата на денешната 31 седница, го продолжи рокот на Одлуката за ограничување на извозот на одделни стоки донесена на 26-тата седница од 11 март, со што ограничувањето за извозот на пченица и наполица, јачмен, пченка, брашно од пченица и наполица, семе на сончоглед, како и масла од семе од сончоглед, е продолжено до 15 април 2022 година.

Со продолжувањето на рокот, на предлог на Министерството за економија, во консултации со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ќе се оневозможи извоз на овие продукти за да се спречат штетите што од тоа можат да настанат на домашниот пазар.

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски

Меџити: Нема логика за предвремени избори кога има стабилна влада