Трошоците за транспорт и сместување на семејствата кои имаат повредени во трагедијата во Кочани ќе ги плати Владата

Од:

Трошоците за транспорт и сместување на семејствата кои имаат повредени во трагедијата во Кочани, а кои се хоспитализирани во странство, ќе ги покрие Владата. Одлуката, како што изјави попладнево на прес-конференција владината портпаролка, ќе биде донесена на утрешната владина седница.

Граѓаните можат да се обратат на телефонскиот број 070270370 за подетални информации и подобра координација.

– Ги повикуваме сите семејства да ја искористат оваа линија за да можеме ефикасно како Влада да ја организираме поддршката што ним им е најпотребна. Ова е време на солидарност и за акција. Владата останува посветена да стои покрај секое засегнато семејство давајќи не само зборови за поддршка, туку и вистинска опиплива помош во најтешките моменти, рече портпаролката на Владата Марија Митева.

Службата за општи и заеднички работи преку соопштение изрази сочувство до семејствата на настраданите во страотната трагедија во Кочани.

– Овој број е достапен за сите на кои им е потребна поддршка при организирањето транспорт и сместување во насока на обезбедување бесплатна, брза и ефикасна помош. Во овие тешки моменти за семејствата на настраданите, веруваме дека поддршката од овој тип ќе им биде добредојдена како не би се соочувале со дополнителни трошоци и ресурси, наведоа од СОЗР.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Марш за ангелите во Кочани: Ќе се бориме до последен момент за вистината за „Пулс“

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија

(ВИДЕО) До 1 јули новиот владин состав пред пратениците, најави Мицкоски

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад

ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на Владата даваат резултати

Горан Наумовски

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на возила со дипломатски статус во близина на Амбасадата на Бугарија

Горан Наумовски