Бербок предложи Берлин да разгледа воведување нафтено ембарго на Русија

Од:

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок денеска навести дека Берлин треба да размисли за воведување ембарго на нафта од Русија поради нејзината инвазија врз Украина. Бербок рече дека е важно да се заземе став наместо да се молчи поради економската или енергетската зависност од Русија.

– И ако е тешко, треба да се заземе став, вклучително и прашања поврзани со нафтата или ембаргото за други производи, рече Бербок.

Германија добива околу една третина од вкупната количина нафта и половина од јаглен и природен гас од Русија. Зборувајќи за безбедносната политика, Бербок предупреди и на зголеменото влијание на Кина врз енергетската инфраструктура во Африка и Азија, велејќи дека Германија наскоро ќе предложи нова стратегија за односите со Пекинг.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија