Обединети за Македонија: Една држава – едни униформи

Од:

Обединети за Македонија е крајно изненадена од прекршувањето на Уставот на Република Северна Македонија со новата одлука за двојазични униформи во Град Скопје.

„Концептот за едно општество за сите се руши со вакви поделби. Ваквите одлуки може само да го разделат нашиот народ. Одлуката за двојазични униформи е противуставна. Сево ова се донесе без да бидат консултирани сите коалициони партнери, другите политички партии и без да се развие поширока дебата во јавноста.

Со вакво дејствие само се задоволуваат ниските страсти на мала група националисти по етничка основа, а се руши државниот патриотизам и почитта кон државата, која е матична држава на сите кои живеат во неа“, соопштува Обединети за Македонија.

„Дали треба да дојдеме до момент да ги изнапишеме униформите на 20+ јазици и народот да не може да се разбере меѓу себе? Со ова, во иднина ќе дојдеме до момент некои групи да не го познаваат македонскиот јазик кој се зборува на целата територија на државата и со тоа да не може да се разбереме меѓусебно.

Обединети за Македонија нема ништо против ниту една етничка група во Република Северна Македонија. Горди сме што имаме членови од сите етнички заедници, но имаме против поделбите и етничкиот национализам на штета на единството и заедништвото. Апелирарме на разум и свест од сите“, се вели во соопштението на Обединети за Македонија.

Би можело да ве интересира

ОМ: Министерство за политички систем и етнички национализам

Ана Ололовска

Обединети за Македонија: Ова е вековен сон на целиот македонски народ

Катерина Ѓуровски

ОМ: Народот не ве плаќа за циркус, однесувајте се цивилизирано во Собранието

Ана Ололовска

ОММ стана придружен член на Европските млади конзервативци

Ана Ололовска

ОМ против најавената промена на називот на улицата „Борис Сарафов“ во „4 Јули“

Ана Ололовска

Онлајн состанок на ОМ со раководителот на ЕКР за Бугарија: Меѓусебното разбирање е основа на решавање на проблемите

Ана Ололовска