Лавров: Секоја испорака на оружје за Украина станува легитимна мета за руската армија

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска предупреди дека секоја испорака на оружје за Украина истовремено станува легитимна мета за руската армија.

„Јасно ставивме до знаење дека сите испораки што стигнуваат во Украина, за кои сметаме дека се оружје, ќе бидат легитимни цели за гаѓање“, ја пренесуваат изјавата на Лавров руските медиуми.

Шефот на руската дипломатија уште нагласи дека испорака на советските системи С-300 од други држави за Украина е незаконска и Москва тоа ќе го спречи.

Словачка искажа подготвеност на Украина да и ги испорача своите ракетни системи С-300, во замена за воена техника од САД или НАТО сојузниците.

„Сакам да ги потсетам земјите кои воопшто и ги разгледуваат таквите идеи – советското оружје таму се наоѓа исклучиво во согласност со меѓувладини договори што имаат одредени сертификати за употреба. Токму тие сертификати забрануваат употреба на тоа оружје во трети земји. Морам да додадам дека ние нема да дозволиме тоа да се случи, нагласува Лавров.

Инаку, шефот на руската дипломатија нагласи дека Русија ќе ги преживее санкциите, дека денес може да смета само на себе и оттаму нема повеќе илузии кон Запад.

„Мерките што ги спроведува Претседателот и Владата постепено се објавуваат. Тоа е само почеток на корекциите во нашиот економскиот курс за биде оспособен за околностите. Од 2014 година наваму стекнавме искуство што ни покажа дека можеме да сметаме само на сопствените сили, и тоа е најважната историска лекција од тој период, рече Лавров.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Макрон: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот и Киев не повика, Франција ќе размисли за испраќање војници

Предраг Петровиќ

Русите објавија дека ослободиле уште едно село

Предраг Петровиќ

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

(ВИДЕО) Објава на руски војник стана вирална: „Добредојдовте во пеколот“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Русија објави дека Украина го нападнала Крим со проектилите кои тајно го доби од САД

Катерина Ѓуровски