Перуанскиот Уставен суд го ослободи поранешниот претседател Фуџимори

Од:

Уставнот суд на Перу синоќа донесе одлука со која десет години пред истекувањето на изречената казна се ослободува поранешниот претседател Алберто Фуџимори, јави ДПА.

Уставниот суд во јужноамериканската земја го прифати барањето за откажување од поништување на помилувањето на Фуџимори, со што помилувањето веднаш стапува на сила.

Осумдесет и тригодишниот Фуџимори отслужуваше 25-годишна затворска казна изречена заради сериозни прекршувања на човековите права за време на неговото владеење како претседател во периодот од 1990 до 2000 година.

Заменик-министерот за правда, Хуан Караско, изјави дека Владата ќе ја обжали одлуката пред Меѓуамериканскиот суд за човекови права, забележувајќи дека „помилување не доаѓа предвид“ кога се работи за сторени сериозни злосторства против човештвото.

Шефот на дипломатијата на Перу, Цезар Ланда, исто така на Твитер напиша дека “одлуката на Уставниот суд е неважечка“, затоа што е спротивна на претходните одлуки на истиот суд.

„Обврска на државата е да ги казни одговорните за бројните случаи на злосторство и да бара правда за жртвите“, вели тој.

Фуџимори беше осуден заради немилосрдни убиства на припадници на левичарските и наводно „субверзивните“ сили во земјата за за време на неговото владеење, а укина и многу од овластувањата на парламентот. Покрај тоа, десетици илјади домородни жени беа насилно стерилизирани за намалување на нивната популација која тогашната власт ја сметаше за пречка на развојот на државата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Перу

ВИДЕО: Разорен земјотрес од 7,2 степени според Рихтер го погоди Перу

Перу прогласи вонредна состојба на границата со Еквадор

Поранешниот перуански претседател Алберто Фуџимори излезе од затвор

Катерина Ѓуровски

Масакр во рудник во Перу

Перу: Започна рушењето на „ѕидот на срамот“ што ги дели богатите од сиромашните