Русија се откажа од резолуцијата на ОН за помош на населението во Украина

Од:

Советот за безбедност на ОН денеска нема да гласа за руската резолуција за заштита на цивилите во Украина и пристап до хуманитарна помош, откако рускиот амбасадор во ОН Василиј Небензија ги обвини западните земји за кампања со „невиден притисок“ против таквата мерка.

Дипломатите велат дека руската нацрт-резолуција ќе биде неуспешна бидејќи повеќето членки на 15-члениот Совет за безбедност на ОН најверојатно ќе се воздржат при гласањето бидејќи нацртот не ја споменува одговорноста за војната, не ја признава руската инвазија на соседна земја, ниту пак повикува на прекин на борбите и повлекувањето на руските трупи.

– Многу колеги од многу делегации ни кажуваат за невиден притисок од западните партнери, велат дека ги принудуваат, ги уценуваат и им се закануваат, изјави рускиот амбасадор во ОН Василиј Небензија.

Говорејќи на состанокот на Советот за хуманитарната ситуација во Украина, побаран од западните членови на Советот, Небензија рече: „Ние разбираме колку е тешко за овие земји да издржат ваков тип на напади“.

Небензија појасни дека Русија наместо тоа за денеска побарала состанок на Советот – кога беше закажано гласањето – за да се разговара за „американските биолаборатории во Украина со користење на новите документи што ги добивме за време на специјална воена операција“. На состанокот на Советот за безбедност на ОН за истото прашање минатата недела, што, исто така беше побарано и од Русија, американската амбасадорка во ОН Линда Томас-Гринфилд рече дека не постојат украински лаборатории за биолошко оружје поддржани од САД. Обединетите нации исто така соопштија дека нема докази дека Украина има програма за биолошко оружје.

Русија својата инвазија на Украина ја нарекува „специјална воена операција“ насочена кон воената инфраструктура на Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Макрон: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот и Киев не повика, Франција ќе размисли за испраќање војници

Предраг Петровиќ

Русите објавија дека ослободиле уште едно село

Предраг Петровиќ

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

(ВИДЕО) Објава на руски војник стана вирална: „Добредојдовте во пеколот“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Русија објави дека Украина го нападнала Крим со проектилите кои тајно го доби од САД

Катерина Ѓуровски

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година