Најголемата кипарска авионска компанија „Сајпрус Ервејз“ се соочува со банкрот и итно и се потребни околу 17 милиони евра за да може да продолжи да функционира, објави британскиот весник „Сандеј Тајмс“.
Минатата година „Сајпрус Ервејз“ оствари загуба од 55,8 милиони евра и доби помош од Владата на Кипар во износ од 73 милиони евра. Покрај ова, во јануари годинава властите во Никозија на авиокомпанијата и доделија уште 31,3 милиони евра помош.
Меѓу условите за помош што Европската комисија му ги постави на Кипар е и барањето за изработка на план за преструктуирање на „Сајпрус Ервејз“.
Во мај минатата година Еврокомисијата започна истрага со цел да утврди дали со доделувањето средства на „Сајпрус Ервејз“, Кипар ги прекршил правилата на ЕУ за државна помош и субвенционирање на авиокомпаниите.
Држава Кипар поседува 95 отсто од „Сајпрус Ервајз“, кој ќе банкротира доколку итно не добие нова помош, нагласува „Сандеј Тајмс“.