Руски амфибиски бродови забележани во близина на јапонското копно

Од:

Јапонската армија соопшти дека четири руски амфибиски бродови денеска минале низ теснецот Цугару што ги раздвојува островите Хоншу и Хокаидо на северот од Јапонија, пловејќи во насока запад.

Јапонското Министерство за одбрана објави фотографии на амфибиските транспортери, со појаснување дека се работи за пловила што вообичаено се користат за искрцување извидувачки и десантни сили, На фотографиите се забележува дека бродовите се натоварени со воени камиони.

„Не знаеме каде се упатени, но насоката на нивното движење остава можност да пловат кон Украина, изјави портпаролот на јапонското Министерство за одбрана.

Тој уште нагласува дека е невообичаено руски бродови да пловат толку блиску до јапонското копно.

Инаку, теснецот Цугару е на 700 километри оддалеченост од источниот руски град Владивосток.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија