Бербок: Да изградиме „мост на солидарност“ за бегалците од Украина

Од:

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок денеска повика на поголема помош од неевропските земји за справување со бегалската криза која се појави како резултат на војната во Украина.

„Тоа е мојот апел до нашите пријатели во САД, Канада и ширум светот… Сега е наша задача да работиме заедно за да изградиме мост за солидарност преку Атлантикот“, рече Бербок на седницата во Долниот дом на германскиот Парламент.

Таа истакна дека „онаму каде што може безусловно да се помогне, мора безусловно да се помогне“.

„Тоа не можеме да го направиме во некои области бидејќи имаме економски зависности, но можеме да го направиме во хуманитарната област“, ​​рече Бербок.

За време на посетата на Берлин минатата недела, канадската министерка за надворешни работи Мелани Џоли рече дека нејзината земја е подготвена да прими украински бегалци.

Повеќе од три милиони луѓе ја напуштиле Украина откако Русија ја нападна на 24 февруари, соопшти агенцијата за миграција на ОН, ИОМ.

Најголем дел избегаа во соседна Словачка, Унгарија, Романија, Молдавија и особено Полска, која прими речиси два милиона бегалци.

Некои од нив отпатуваа во други земји на ЕУ – Германија прими околу 160.000 луѓе, додека Франција прими 15.000.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Лавров: Западот почнува да сфаќа дека ќе остане само дел од Украина

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Украина денеска го затвори својот парламент од безбедносни причини

Горан Наумовски

Две лица загинаа во Суми, 12 се повредени