Блинкен: Непристапувањето на Украина кон НАТО не е отстапка пред Русија

Од:

Непристапувањето на Украина кон Северноатлантската Алијанса не треба да се гледа како отстапка пред Русија, изјави американскиот државен секретар, Ентони Блинкен.

-Не сметам дека тоа не е отстапка. Според мене, тоа е одраз на реалноста, дека и пред руската агресија Украина не можеше за брзо време да се присоедини кон НАТО, рече Блинкен во изјава за Си-Ен-Ен.

Блинкен ја повтори загриженоста на САД дека Кина би можела да и пружи материјална помош на Русија или да и помогне на Москва да ги заобиколи воведените санкции.

-Постои вербална поддршка од Кина или барем отсуствува недвосмислен став на Пекинг по однос на руските активности. Тоа е во спротивност со сето она на што декларативно се обврза Кина, вклучувајќи ги тука и основните принципи на Повелбата на ОН за почитување на суверенитетот на државите. Фактот што Кина не ги осуди постапките на Русија многу говори – не само за Русија, Украина или Европа туку и за целиот свет, рече Блинкен.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Зеленски: Украинската армија сега е поголема од руската

Четири држави против Украина во НАТО

Русите го нападнаа Киев за време на посетата на Стармер

Зеленски: Трамп може да ја натера Русија да ја запре војната оваа година

(ВИДЕО) Украина: Нападнавме важна руска фабрика за барут

Горан Наумовски

Дронот „Принц Вандал“ му нанесе штета на НАТО од 300 милиони долари

Горан Наумовски