(ВИДЕО) Украина: Нападнавме важна руска фабрика за барут

Од:

Руските медиуми објавија дека Украина извршила голем напад со беспилотни летала врз регионот Тамбов. Украинската правда ја пренесува оваа информација од руските телеграм каналите Mesh, Shot и локалните медиуми.


– Голем напад на украински беспилотни летала врз регионот Тамбов. Според првичните информации, сите тие летале кон фабрика за барут кај селото Кузмино-Гат, пренесе Mesh.

Се известува дека локалните жители забележале неколку дронови, слушнале руска противвоздушна одбрана и виделе блесоци на небото.

Истиот медиум објави и за синоќешниот напад на резервоар со нафта во руската област Воронеж, што го потврдија и локалните власти.

Во објавата на Киев на социјалната мрежа Х се наведува дека „украинските беспилотни летала погодиле фабрика за барут во близина на Тамбов – клучен снабдувач со експлозиви за воената машинерија на рускиот претседател Владимир Путин“.

Во објавата се прикажани и снимки од нападот и се наведува дека синоќа биле регистрирани експлозии во четири руски региони и дека рафинеријата за нафта во областа Воронеж се уште гори.

Сепак, според некои други проукраински извештаи на X, „украинските беспилотни летала насочени кон воена база во регионот Тамбов очигледно биле електронски заглавени и наместо тоа удриле во блиската дестилерија за алкохол“.

За овој напад засега нема официјални информации од Киев.

Би можело да ве интересира

Русија е подготвена за разговори за Украина

Зеленски: Подготвен сум за договор со САД за ретките метали

Нареден е притвор за заменик-градоначалникот на Киев и други градски функционери

„Дејли мејл“ го објави целиот план на Трамп за мир во Украина

Горан Наумовски

Торецк е под контрола на Русите

САД: Мала е можноста Украина да влезе во НАТО или да добие нуклеарно оружје

Горан Наумовски