Русите имаат решение за мистеријата од Загреб

Од:

Руската новинска агенција Тас тврди дека леталото што синоќа се урна во Загреб всушност требало да лета за Крим, но скршнало од својот курс.

Додаваат дека неодамна се регистрирани два случаи на употреба на дронот Ту-141, едниот паднал во Загреб, додека другиот паднал во близина на градот Красноперекопска на Крим, изјавил извор за Тасс.

Истиот извор објаснува како овој дрон во суштина е мал млазен авион.

Според него, двата авиони биле лансирани од украинските сили на пробен лет за Крим, но еден од нив се свртел и полетал кон Хрватска.

Делови од друг Ту-141 беа откриени од страна на руските граничари во 10:35 часот по локално време, на 8,5 километри од Красноперекопск на брегот на езерото Красноје.

„Пронајдени се фрагменти од крилото и трупот, податоци од регистраторот на летот и падобран за сопирање“, изјави извор за Тас.

Би можело да ве интересира

Ракетен напад на Днепар, бројот на ранети се зголемува

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина

Велика Британија испраќа воената помош за Украина од 580 милиони долари

Уапсен e музичарот Миле Кекин

Девет лица загинаа во напад на украинската армија врз селото Махновка во Русија

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува