Затворениците од затворот во Шутка донираа крв за повредените во Украина

Од:

Затворениците и раководството на затворот „Скопје“ во Шутка, организираа крводарителска акција за настраданите во Украина. Заинтересираност имало, вели директорот на затворот, Филип Андов. Според него, над 50 затвореници досега дарувале крв во знак на солидарност.

„Над педесет единици крв се дарувани до овој момент, односно над 50 затвореници се приклучија во акцијата. Меѓу нив има и осуденици кои издржуваат затворска казна. Акцијата е на доброволна база. За истата е известена и Украинската амбасада“, вели Андов.

Акцијата е организирана во координација со Црвениот крст на Македонија, а присутен бил и директорот за извршување санкции, Маријан Спасовски како и директорот на Клиниката за трансфузиологија, Седула Усеини.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Страотен напад на Киев, убиено дете

Русија планира рекордни 202,6 милијарди долари за одбрана во 2027

(ВИДЕО) Зеленски за операцијата „Вивалди“: Елиминиравме 10.600 Руси за една недела

ВИДЕО: Русија го нападна Киев, загина маж, повредени деца

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Украина најавува „Армија на роботи“

ВИДЕО: Средбата беше непотребна – Лавров по разговорот со германскиот шеф на дипломатијата