ВМРО-ДПМНЕ: Мерките на власта се премалку и се задоцнети

Од:

Новите мерки кои ги предложи власта на СДСМ и ДУИ се задоцнети и премалку за справување со кризата.Дел од таканаречени мерки се само советодавни кон граѓаните, или мерки кои треба месеци за нивно реализирање. СДСМ и ДУИ се обидуваат со доделување по 1000 денари месечно да ги прелажат пензионерите и граѓаните велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– За разлика од Македонија, каде што изминативе 4 години нема ниту една нова странска инвестиција, реализацијата на капиталните проекти е на најниско ниво, инфлацијата ќе достигне двоцифрена бројка, нашиот северен сосед, Србија изминативе години отвори нови 250 фабрики од над 3.9 милијарди евра инвестиции, а на секој полнолетен граѓанин во оваа криза им даде по 100 евра, а на пензионерите по 170 евра. Власта на администраторот Ковачевски не го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на акцизата на нафтените деривати за 50% и веднаш да се намали цената на горивата за 13 и 9 денари, туку понуди комплициран модел кои никој не го разбра и не гарантира дека ќе допринесе за намалување на цената на дериватите. Ја повикуваме власта, доколку сака да им помогне на граѓаните да го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на акцизата, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Филипче: Да се укине акцизата за горивата и ДДВ да се намали на 5%

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски