ОН бараaт истрага за масовните убиства на војници во Сирија

Од:

Високиот претставник на ОН за човекови права, Нави Палај денеска побара да биде спорведена истрага за масовните убиства на сириски војници, што изминатива недела ги извршија бунтовниците во северниот дел на Сирија.


– Неопходно е да биде спроведена детална независна истрага за да се утврди дали се извршени воени злосторства, а одговорните за тие злосторства да бидат казнети, изјави Пилај, додавајќи дека информациите што доаѓаат за борбите за контролата врз селото Кан ал-Асал крај Алепо, се „многу шокантни“.


Според инофрмации објавени од опозициски активисти, во реонот се ликвидираниа 30 лица, во најголемиот дел припадници на владините сили. Од една таква ликвидација на владини војници бунтовнците имаат направено и видео запис.


Пилај нагласи дека според податоците до кои дошла нејзината Канцеларија, бројот на убиените околу Кан ал-Асал е многу поголем.


– Опозициските сили не треба да мислат дека имаат имунитет од кривичено гонење. Тие мораат да ја исполнуваат својата одговорност во согласност со меѓународното право, потенцира Пилај.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство