Велика Британија: Украинската воздушна одбрана има значителен успех против руските авиони

Од:

Велика Британија денеска објави дека украинската воздушна одбрана има успех против руските авиони, што веројатно ја спречува Русија да го контролира воздушниот простор.

„Изгледа дека украинската противвоздушна одбрана има значителен успех против современите борбени авиони на Русија, веројатно спречувајќи ги да постигнат каков било степен на контрола во воздухот“, се вели во ажурирањето на податоци на разузнавањето на Министерството за одбрана објавено на Твитер.

Во оценката на Велика Британија, исто така, се вели дека руските сили не успеале да постигнат значителен напредок во борбите северозападно од Киев.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани