Францускиот претседател Емануел Макрон го обвини својот руски колега Владимир Путин за лицемерие и цинизам, откако Москва соопшти дека ќе отвори хуманитарни коридори за да дозволи евакуација на цивили од неколку украински градови, но само во Русија или Белорусија.
-Сето ова е несериозно, тоа е морален и политички цинизам, кој го сметам за неподнослив, изјави тој во интервју за телевизијата LCI .
Тој додаде дека ветувањата за зашти на цивили за да можат само да бегаат кон Русија се „лицемерни“.
Извор: МИА