ВМРО-ДПМНЕ: Синот на Заев стана најмладиот енергетски магнат на 18 години, децата на негова возраст не можат да соберат пари за факултет

Од:

Како синот на Заев стана најмладиот енергетски магнат на 18 години, а децата на негова возраст не можат да соберат пари за факултет. Кое искуство и знаење го има синот на Заев со неговите 18 години да продава струја, што е милионски бизнис, ако тоа не е параван зад кој стои лично Заев велат во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

– Дали Заев го фрла во оган и сопствениот син, со тоа што му основал фирма за дејност за која е потребно специфично знаење, и дали всушност работата ќе ја води тој од позадина? Зошто Заев се крие зад синот? Кои се причините за стравот на Заев и дали преку децата сака да ги пере парите од матните тендери? Кои фирми ќе се јават како клиенти на фирмата на синот на Заев и дали тие ќе бидат принудени на соработка? Дали клиентите кои ќе ги има фирмата на синот на Заев ќе бидат и фирми кои добивале повластици од владата? Ја повикуваме ДКСК одблизу са го следи случајот со фирмата на синот на Заев, кој можеби е параван за самиот Зоран Заев, човекот кој ќерката сакаше да ја трампа за остров, сега можеби се крие зад сопствениот син, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус