Голем инцидент се случи во црногорскиот фудбал. Мечот од 23. коло во Првата лига меѓу Дечиќ и Будуќност беше прекинат по само 17 минути игра и водство на гостите од 0-1.
По една спорна ситуација избија навивачки нереди на две страни на една трибина. Летаа столчиња и факели, а голманот на Будуќност доби удар во главата.
По 20 минути, полицијата го расчисти инцидентот, но делегатот реши средбата да не продолжи и покрај тоа што навивачите на Будуќност го напуштија стадионот.