Во Белград полицијата ги раздвои протестите против војната во Украина и оној против НАТО

Од:

-Во центарот на Белград, на Кнез Михајлова, се одржува протест на женската мировна организација со феминистичко-антимилитаристичка ориентација „Жените во црно“ против војната во Украина, а протест одржуваат и припадниците на НКОЈ со анти-НАТО пораки, кои полицијата ги раздвои, јави дописникот на МИА од Белград.

Жените во црно, околу 20-тина активисти носејќи голем транспарент на кој пишува „Стоп на војната во Украина“ на протестот ги посочија пораките против руската окупација и војната во Украина, повикувајќи на солидарност со украинскиот народ и бараат од Србија јасно да ја избере страната и да им се придружи на оние кои ја трпат руската инвазија.

Спроти нив, раздвоени од полицијата, се собраа членови и симпатизери на Новата комунистичка партија на Југославија (НКПЈ), кои ги повикаа српските власти да ја признаат независноста на, како што велат, Народните републики Доnецк и Луганск. Според известувачот на Н1, десетиците демонстранти извикувале „долу НАТО фашисти“. Оваа група демонстранти истакнале знамиња на СССР, на СКОЈ, како и фотографии на Сталин.

Синоќа во центарот на Белград се одржа протест за „поддршка на рускиот народ“, организиран од десничарски организации, на кој присуствиуаа повеќе илјади граѓани. Причина за протестот според организаторите, беше „огромната медиумска хајка на западните медиуми кои со денови ја напаѓаат Русија и рускиот народ и притисок врз режимот во Србија за да не се воведат санкции кон Русија“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски