Белата куќа не се залага за промена на режимот во Русија, изјави денеска портпаролката на американскиот претседател Џозеф Бајден, Џен Псаки.
– Ние не заговараме атентат на странски лидер или промена на режимот. Тоа не е политика на САД, изјави Псаки пред новинарите.
Претходно, американскиот републикански сенатор Линдзи Греам повика некој во Русија да го убие претседателот Владимир Путин.
– Единствениот начин да се стави крај на ова е некој да го отстрани тој човек (Путин). Ќе направи голема услуга на себеси и на целиот свет, напиша Греам на Твитер.
Извор: МИА