Претседателот на рускиот парламент Вјачеслав Володин изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски е во Полска.
„Зеленски ја напушти Украина. Пратениците на Врховната Рада (украинскиот парламент) рекоа дека не можат да дојдат до него во Лавов. Тој сега е во Полска“, напиша тој на својот Телеграм, пренесува RT, чии канали во Европската унија се забранети поради руска пропаганда.
Зеленски утрово им се обрати на Украинците со видео порака.