Државниот врв на различни места ќе го обележува утре празникот Илинден – премиерот Никола Груевски ќе биде на Мечкин камен во Крушево, претседателот Ѓорге Иванов во Пелинце, додека претседателот на Собранието Трајко Вељановски во Скопје, на споменикот на Методија Андонов-Ченто.
Лидерот на СДСМ Зоран Заев и генералниот секретар Оливер Спасовски ќе бидат на прославата во Пелинце, додека СДСМ ќе прати делегација во Крушево.
Во манастирот Прохор Пчињски и оваа година нема да присуствува македонска делегација.
Владата воопшто не побарала од српската православна црква да дозволи одбележување на празникот, заради негативните одговори што редовно ги добиваше изминатите години, јавува Радио Слободна Европа.
Иако минатата есен македонската Влада и дозволи на Србија со највисоки почести да ја прослави годишнината од битката кај Зебрњак, од српската православна црква не сакаат да ги отворат вратите од манастирот за официјални гости од Македонија.