САД оценуваат дека ембарго за руската нафта и гас ќе придонесе кон повисоки цени на горивото во земјата, и затоа се уште не ја разгледуваат таа опција, изјави денеска портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки.
Таа, одговарајќи на новинарско прашање – што треба да се случи на боиштата во Украина за да се засилат санкциите, истакна дека веќе се воведени значителни санкции против Русија.
– Дополнителна забрана ќе придонесе кон зголемување на цените на горивото и потешкотии во снабдувањето со горива, што би можело да придонесе за повисоки цени на останатите производи, затоа таа опција засега не ја земаме в предвид, посочи Псаки.
Таа наведе и дека САД не гледаат можност на Русија да и го одземат статусот на постојана членка на Советот за безбедност на Обединети нации.
– Не гледаме таква можност. Нашиот фокус е насочен кон изолирање на Русија и барање на одговорност од неа, истакна Псаки.
Извор: МИА