Европската унија ќе преземе дополнителни чекори против Русија доколку ситуацијата во Украина се влоши, најави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.
По средбата со претседателот на Романија, Клаус Јоханис, таа истакна дека целта на Брисел е „да го намали капацитетот на Кремљ да води војна против своите соседи“.
– Мораме да станеме независни од рускиот гас, нафта и јаглен, нашата решеност да продолжиме напред во оваа ситуација е посилна од кога било, додаде Фон дер Лајен.
Извор: МИА