МААЕ: Работиме со „сите страни“ за да обезбедиме помош

Од:

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси денеска изјави дека телото работи со „сите страни“ по руската воена интервенција во Украина за да обезбеди помош побарана од нуклеарното регулаторно тело на земјата за да ја осигура безбедноста на своите капацитети.

„Јас сум во контакт со сите страни за да се осигураме дека можеме да ја обезбедиме оваа помош на ефективен начин. Бидејќи овие консултации се во тек, не сум во позиција сега да ви кажам каква ќе биде и кога ќе биде испорачана таа помош“, рече Гроси на прес-конференција.

Тој додаде дека помошта може да вклучи и испраќање персонал.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

МААЕ побара од Русија и Украина да ја заштитат нуклеарната централа Запорожје

Ана Ололовска

МААЕ: Резервниот далновод до нуклеарната централа Запорожје е исклучен поради гранатирање

Ана Ололовска

МААЕ не открила непријавени нуклеарни активности во Украина

Ана Ололовска

Гроси: МААЕ ќе спроведе независна проверка на руските обвинувања за „валкана бомба“

Горан Наумовски

Путин со порака до Гроси од МААЕ: Москва е „отворена за дијалог“ за нуклеарната централа во Украина

Ана Ололовска

Гроси: МААЕ ја смета нуклеарната централа Запорожје за украинска постројка

Ана Ололовска