Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) продолжи со изрекување санкции на фудбалерите и на клубовите по разни основи. Последна која доби казна од ФИГЦ е екипата на Сиена на која ќе и бидат одземени два бода во претстојнава сезона (2013/14).
На клубот кој ќе се натпреварува во Серија Б бодовите му се одземаат поради неисполнување на финансиски обврски.
Сиена и минататa сезона имаше финансиски проблеми и буквално се спаси од стечај по неколкумесечна борба и лобирање кај локалните банки и кредитори.
Освен бодовната казна за клубот, Дисциплинската комисија при ФИГЦ одреди и две и пол месечна суспензија за претседателот на Сиена Масимо Мецарома.
Тој беше обвинет за прикривање информации за данок на доход, како и загрозување на социјалната сигурност на фудбалери во првите три месеци годинава.