Борел: Крај на една ера во односите помеѓу ЕУ и Русија

Од:

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Борел, на вонредната пленарна седница на Европскиот Парламент за Украина порача дека Русија се наоѓа на критичен крстопат, воедно и крај на една ера во нејзините односи со ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.

Илегалната инвазија на Украина од страна на Русија беа најсилно осудени од страна на сите институции на ЕУ денеска на вонредната пленарна седница на Европскиот Парламент.

Шефот на ЕУ дипломатијата порача и дека договорите од Минск, кои по војната од 2014 служеа како основа за преговори помеѓу Москва и Киев, се сега мртви, по вина на рускиот претседател.

-Овој ужасен конфликт може само да доведе до позитивен исход, а тоа е Русија да ги почитува фундаменталните принципи, мораме да ја искористиме оваа прилика за да ставиме на маса повелби со механизми кои ќе ја осигурат безбедноста, рече Жозеп Борел пред европратениците и од нив побара во иднина да гласаат поодлучно во полза на европската одбрана и безбедност.

-Мораме да станеме цврста сила, тоа не се однесува само на војска, туку да имаме моќ да присилуваме и да влијаеме врз одлуки, објасни Борел пред европратениците додавајќи дека ова е моментот кога ЕУ треба да дискутира што сака да биде во иднина и кои се границите, и да биде подготвена да пружа отпор.

За прв пат во својата историја Европската Унија, по предлог на Борел, ќе финансира испраќање на оружје во трета земја, Украина. Одлуката беше донесена на почетокот на оваа недела.

Првиот дипломат на ЕУ нагласи дека во конфликтот со Русија треба да не се заборави патот на дијалогот.

-Не прогласуваме војна против никого, сѐ што правиме е застанување покрај жртва на агресија и зачувување на безбедноста, рече Борел.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Борел: Земјите-членки на ЕУ поделени за палестинското прашање

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства