По исчезнатиот Петар од денес трага и Дирекцијата за заштита и спасување

Од:

По три дена, во потрагата по десетгодишниот Петар Џобоски се приклучија седуммина припадници на Дирекцијата за заштита и спасување. Од Дирекцијата известија дека ангажирале четворица спасители од тимот за брз одговор за спасување од планини од подрачното одделение Битола, еден спасител од  тимот за спасување од високи објекти од Прилеп и двајца вработени од секторот за оператива и логистика.

По десетгодишникот се трага четврти ден. Неговиот татко во петокот пријавил во полиција дека детето исчезнало од дворот на куќата во мариовско Врпско.

„Потрагата продолжува. Веднаш ќе јавиме во моментот кога ќе има нешто ново“, велат од МВР.

Од таму вчера известија дека на терен се вкупно 102 полицајци, а се трага и со хеликоптер, дронови и кучиња. Во ист состав ангажирани се и денес. Покрај полицијата, Петар вчера го бараа и околу 100 доброволци од локалното население но и од други градови во државава, ловџии, пожарникари од Прилеп и спасители од „Златоврв“.

Поради големиот интерес кај граѓаните доброволно да помогнат во потрагата по Петар, МВР вчера го објави бројот 071 268-594 од дежурната служба во мариовското село Витолиште, каде  може да добијат насоки како да помогнат.

Вчера Основното јавно обвинителство во Прилеп отвори предистражна постапка за исчезнувањето на Петар.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он

Екс-директорот го украл ехо апаратот од болницата во Кичево

Партизацијата на МВР на дело, полицајци на партиски состаноци на ДПМНЕ обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски