Околу 100 доброволци, 102 полицајци, хеликоптер, дронови и кучиња го бараат исчезнатиот Петар во мариовско

Од:

Доброволци не само од локално население туку од различни градови од државава се вклучиле во потрагата по десетгодишниот Петар Џобоски откако неговиот татко во петокот пријави дека исчезнал од дворот во мариовското село Врпско. По Петар се трага трет ден, а снегот од викендов дополнително ја отежнал работата на трагачите.

„Во потрагата се вклучени 102 полицајци и уште околу 100 луѓе, доброволци, меѓу кои се локалното население, но и луѓе од други градови, ловџии, пожарникари од Прилеп и спасители од ’Златоврв’. По исчезнатото дете МВР трага и со хеликоптер, со дронови и со кучиња. Ова се збирни податоци со кои располагаме во моментов“, велат од Министерството за внатрешни работи за „А1он“.

Покрај служените дронови на МВР, многумина граѓани и фирми понудија да ги отстапат нивните дронови за потребите на трагачите, а постојано се пријавуваат и доброволци.

Поради големиот интерес на граѓани кои сакаат да се вклучат во потрагата, МВР попладнево апелираше сите доброволци да се јават на телефонскиот број на дежурната служба во селото Витолиште, 071/268-594 каде ќе добијат насоки како да помогнат.

Од МВР известија дека потрагата продолжува интензивно и нагласија секој што има каква било информација која би помогнала за пронаоѓање на Петар, да ја сподели со полицијата.

Би можело да ве интересира

Полицаец од Струмица зел 500 евра „за мирно решавање тепачка“

Пијан возач удрил пешак во Охрид и побегнал

Шверцер на мигранти со шест Еѓипќани во колата направил сообраќајка, еден тешко повреден

Двајца приведени за семејно насилство во изминатото деноноќие

Ограбена скопјанка на мостот „Гоце Делчев“, приведени двајцата разбојници

Две сообраќајни несреќи со жртви во еден ден