Портпаролката на руската дипломатија, Марија Захарова, штотуку им се закани на Финска и Шведска. Во соопштението, објавено од руското Министерство за надворешни работи на Твитер, таа пишува дека приемот на Финска и Шведска во НАТО ќе има многу сериозни воени и политички последици.
„Сметаме дека посветеноста на финската влада на воената политика на неврзаните е важен фактор за обезбедување безбедност и стабилност во северна Европа. Пристапувањето на Финска и Шведска во НАТО би имало сериозни воени и политички последици“, напиша Захарова.
?#Zakharova: We regard the Finnish government’s commitment to a military non-alignment policy as an important factor in ensuring security and stability in northern Europe.
☝️Finland’s accession to @NATO would have serious military and political repercussions. pic.twitter.com/eCY5oG23rL
— MFA Russia ?? (@mfa_russia) February 25, 2022
Руската закана доаѓа откако шефот на НАТО Јенс Столтенберг денеска објави дека ги поканил Финска и Шведска, кои не се членки на воената алијанса, на вонреден виртуелен самит на кој ќе се разговара за руската инвазија на Украина.