Бербок: ЕУ ќе ги санкционира Путин и Лавров

Од:

Европската унија ќе ги санкционира рускиот претседател Владимир Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, изјави германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок.

-Ги ставивме на списокот рускиот претседател Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, изјави Бербок додека пристигнуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел, пренесе Си-Ен-Ен.

Таа додаде дека двајцата се одговорни за тоа што во Украина умираат невини луѓе, а одговорни се, според неа, затоа што се нарушува меѓународниот систем, а ЕУ тоа не го прифаќа.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

ISW: Лавров ги откри тајните претензии на Русија

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Од Северна Кореја во Русија пристигнаа 4.000.000 артилериски гранати