Во Претседателската палата во Анкара во тек е седница на безбедносниот совет во врска со руската воена интервенција во Украина, со која претседава турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јави агенцијата Анадолија.
На состанокот присуствуваат потпретседателот Фуат Октај, министерот за одбрана, Хулуси Акар, министерот за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, началникот на Генералштабот, генерал Јашар Ѓулер, шефот на Националната разузнавачка организација, Хакан Фидан, шефот на Дирекцијата за комуникации, Фахретин Алтун и портпаролот на претседателот, Ибрахим Калин.
Министерот за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, не беше во можност да присуствува поради тоа што е во посета на Казахстан.