Мицотакис: Европа треба да најде заеднички одговор за зголемувањето на цените на енергијата

Од:

Потребата Европа да најде заеднички одговор за зголемувањето на цените на енергијата и да ги поддржи и потрошувачите и бизнисите, ја истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис по средбата со премиерот на Романија Николае Чиука, а истиот став, според грчки владини извори го повторил и за време на состанокот на Европската народна партија, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис истакна дека ова прашање ќе го покрене на Самитот на ЕУ за Украина и објасни дека Грција веќе ги преземела сите неопходни мерки за непречено снабдување на земјата со природен гас

-Многу е важно на европско ниво да има вонредни мерки за поддршка на европските потрошувачи и на европските компании, бидејќи сите земји денес на еден или на друг начин ги субвенционираат потрошувачите за справување со големите поскапувања на цените на енергијата. Потребен е европски одговор на проблемот со кој се соочуваат сите земји- членки. Секоја има свој начин да се справи со тоа, но за сите земји тоа е проблем кој е исклучително финансиски болен и јас имам намера да го покренам ова прашање на следниот Европски совет, рече Мицотакис по средбата со Чиука.

Додаде дека е потребно да се прошират изворите на енергија и во однос на производството и во однос на краткорочното и среднорочното снабдување со гас, намалувајќи ја зависност од Русија.

Од Букурешт, каде што е во еднодневна официјална посета, Мицотакис учествуваше на вонредниот состанок преку видеоконференција на Европската народна партија за ситуацијата во Украина, а според грчки владини извори истакнал дека „не можеме да го прифатиме историска ревизионизам со употреба на сила“.

Во пресрет на утрешниот специјален состанок на Европскиот совет за Украина, според истите извори, повторил дека Европа мора да најде заеднички одговор на поскапувањето на енергијата, а тоа, како што нагласил, се однесува и на оптоварувањето на домаќинствата и бизнисите, и на потребата Европа да не зависи од менувањето на цените на природниот гас и да бара алтернативни извори на енергија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Цените на гасот во Европа на годишниот максимум

Предраг Петровиќ

Украина ќе ја заврти славината, рускиот гас за Европа ќе мора по нови рути

Предраг Петровиќ

Русија ја предупреди ЕУ: Ќе платите повеќе ако Украина не се согласи за транзит на руски гас

Приходите од руската нафта и гас се зголемени за 62 отсто

Мицотакис: Грција нема да ги открие оружјата што ѝ се на располагање доколку соседната земја продолжи со актуелната тактика