Музичарот и основач на познатиот бенд АББА Бјорн Улвеус се разведува од втората сопруга Лена по 41 година брак.
Шведскиот пејач, гитарист, текстописец и продуцент Бјорн Улвеус се разведува по 41 година брак од сопругата Лена Улвеус, а веста ја соопшти портпаролот на пејачот.
„После многу убави и значајни години, решивме да тргнеме по одделни патишта“, се вели во соопштението и се додава дека тие ќе останат пријатели и заедно ќе ги прослават родендените на нивните внуци и сите други семејни настани.
Бјорн е еден од четворицата членови на легендарната шведска поп група АББА. На врвот на славата на АББА во 1970-тите, Улвеус беше во брак неколку години со колешката од бендот, Агнета Фалцки, со која има син и ќерка.