ФОТО: Сафет од струшко стана комита

Од:

Сафет Адемовски македонски муслиман од струшкото село Подгорци облечен во комитска облека е единствен Македонец со друга вера кој се приклучи на коњаницата која на 2 август за време на големиот празник Илинден треба да пристигнат на Мечкин камен во Крушево.

„Ова ми беше животна желба, неколку години се спремав. Оваа година успеав некако да се спремам и да отидам на тоа свето место, да ги посетам Мечкин Камен, Крушево, да им се поклонам на паднатите борци. Апел до сите Македонци – Муслимани, Турци, Албанци, Роми и сите други без разлика на етничката припадност да го продолжиме овој пат, сите заедно, сложно. Тоа е наша должност, да се поклониме на сите борци кои се борела за оваа наша земја и за нејзината слобода.

sastru (1)

Погрешно сум сфатен од мојот народ, тоа не го прифаќаат, гледаат со други очи. Од мојата фамилија догодина ќе има и други. Од другите не знам, а би сакал да има, да се приклучат да отидеме таму, зашто тоа е многу значајно место за нас, за цела Македонија и за сите што живеат во неа, додава Сафет Авмедоски.

Би можело да ве интересира

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

A1on

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска

Денот на сесловенските просветители неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска

Националниот ден на Власите, 23 мај – неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница

Ана Ололовска

Првиот ден на Рамазан Бајрам неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска