Си добивме свој Милан Кундера во починатиот Славко Јаневски

Од:

Сличностите на Славко Јаневски и Милан Кундера се запрепастувачки, што по нивниот талент, неповторливите ремек дела, но и по начинот на жигосувањето на нивниот живот и дело. Тоа мојот впечаток кој посакувам и се чуствувам обврзана да дипринесам со своето размислување во потикнување на галсна дебата  во нашето општество на кое муе потербна како вода во пустина.

Имено, Милан Кундера е еден од водечките автори во светот, кои креирале светли дела во најмрачните денови на комунистичката власт. Тој е најпознатиот политички десидент, кој за влакно ја избегна смртната казна која му ја обезбедија непријателите, кои не сакаа да го слушаат неговото толкување на реалноста.

Роден е во семејство кое и’ припаѓало на средната класа во Моравија. Средно образование завршил во Брно, а потоа продолжил да студира на Факултетот за уметности на Карловиот универзитет во Прага. За време на неговите студии започнал да посетува предавања за филмска режија и ги напишал своите први сценарија.

Уште од младоста им бил лојален на комунистичките идеи, кои го воделе да и се приклучи на Комунистичката партија во 1948 година. Идеологијата по која се водел во голема мера била под влијание на Втората светска војна.

Во 1950 година бил прв пат исклучен од партијата, поради некои анти– партиски активности.  Дури во 1956 година бил повторно примен во партијата. Тој секое свое делување го посветувал на својата идеологија за потребните реформи, а тоа го направило дел од „Прашката пролет“, во која со своите есеи сакал да го разбуди народот. Ова негово комунистичко делување го направило вечен заложник на тајната полиција, која го следела секој негов чекор, која го извалкала неговото дело.

Се борел за владеењето на социјализмот, без семоќна тајната полиција, за слобода на пишаниот збор  

Есејот кој Кундера во 1968 година го објавил во списанието „Листи“, во кој ја анализирал ситуацијата во која се наоѓала земјата, опкружена со лоши соседи, кои ја убиваат секоја надеж за напредок, ги распалил страстите.

Во овој есеј Кундера тврдел дека Чесите се еден вид заложници во рацете на нивните соседи, кои го избегнуваат секој дијалог кој може да ја поправи моменталната состојба.  Според него конфликтите со кои се соочувала земјата, биле брутални за нејзината политичка сцена и биле причината чехословачката есен никако да не биде заменета од пролетта. Радикализмот и егзибиционизмот, биле сé посилни сегменти во општеството, кои го кочеле доаѓањето на оваа пролет.

Ограничувањата со кои се соочувале интелектуалците, возобновувањето на полициската држава, биле опасност за целата нација, за интегритетот на сите, но и за иднината. Неговиот безгрижен скептицизам му овозможил да ја види ситуацијата во која се наоѓала земјата од сите негативни агли, да ја забележи глувоста за сите различни мислења, за заобиколувањето на главните проблеми.

Кундера бил совршен пример дека мудриот човек и во најстрашната диктатура ќе се потруди да го извика своето мислење, да се избори за своето право. Но, Хавел не мислел така, па започнал со кампања за оцрнување на неговиот лик и дело, за валкање на неговите идеи, намалување на тежината на неговите зборови.

Неговите дела започнале да се сметаат за про– комунистички творби, а неговите романи биле класифицирани како политички напади на татковината, но тоа ниту за миг не ја намалило нивната убавина, неповторливост.  Во некои од нив на сатиричен начин се обидувал да ја прикаже комунистичката ера и тоталитаризмот во кој живеел, но тоа било причината токму тие негови дела да бидат забранети.

Кундера веднаш бил прогласен за шпион, за непријател на татковината, што било само почеток на нивната борба за докажување на вистината. Според тврдењата на претставниците на власта тој бил соработник на тајната полиција, кој помогнал да се уапси Мирослав Дворчек, пилот кој преминал на страна на САД, и кој добил затворска казна од 22 години.

Во замена за својата затворска казна тој добил принудна работа во рудник со ураниум и по цели 14 години станал слободен човек кој заминал во Шведска, да бара заштита од  САД.

Но, ситуацијата се променила и Дворчек станал само една невина жртва, на „бескрупулозниот комунист“ Кундера, која морала да бара заштита во САД, која била регрутирана во камп во Германија и која се вратила во татковината само за да го оцрни името на неповторливиот писател.

Единствено Кундера бил непријател на диктаторскиот режим, па со своите есеи сакал да ја намали ранливоста на народот, да креира еден пишан тероризам кој ќе ги разбуди сите, ќе предизвика политичка нестабилност и коренити промени.

Тој  успеал за влакно да ја избегне смртната казна, со бегање во Франција, која била благодарна што добила писател од неговиот ранг на своето тло. Тој само инкогнито ја посетувал својата земја до крајот на својот живот, но и гласно говорел за нејзината состојба од Франција, ослободен од стравот дека ќе биде суден и погубен, борејќи се до последен здив за едно подобро утре.

Неговото убиство како автор, со забранување на неговите дела, прогонот кој го доживеал, азилот кој сам себе си го наметнал да продолжи, не го спречило  да твори на француски јазик и да зборува за драматичноста на комунизмот во источна Европа, за замолчувањето на храбрите. Тој продолжил низ своите дела храбро да порекнува дека работел за тајната полиција, дека работел против својата држава.

Лажната демократија, но и лажните пријатели на државата биле оние кои го сквернавеле неговиот живот,  а се оние кои сега го сквернават споменот за нашиот Славко Јаневски, кој не може да се одбрани, да стане дисидент, да ја каже вистината.

Зарем демократијата подразбира сквернавење на мртвите, за некоја чудна кауза?

Автор: М-р Наташа Димеска
Авторката е аналитичарка во онлајн магазинот „Револуција“, веб локација: http://mkrevolucija.com

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска