Џонсон: Русија ја планира најголемата војна во Европа од 1945 година.

Од:

Британскиот премиер Борис Џонсон рече дека доказите сугерираат дека Русија ја планира најголемата војна во Европа од 1945 година. Тој го изјави ова во интервју за Би-би-си за време на Конференцијата за безбедност во Минхен.

Џонсон рече дека американскиот претседател Џо Бајден им кажал на западните лидери дека разузнавачките служби сугерираат дека руските сили имаат намера да извршат инвазија што ќе го опколи украинскиот главен град Киев.

Според Џонсон, руските војници планирале не само да влезат во Украина од исток, преку Донбас, туку и од Белорусија и од областа околу Киев. Тој додаде дека сите знаци покажуваат дека планот на некој начин е веќе започнат.

„Луѓето мораат да разберат колку е голема цената што може ова да го донесе со себе. Се плашам да го кажам тоа, но планот што го гледаме е нешто што навистина може да биде најголемата војна во Европа од 1945 година во однос на нејзиниот обем“, рече Џонсон.

„Луѓето мора да ги земат предвид не само потенцијалните загуби на животи на Украинците, туку и на младите Руси“, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Пјаниќ им се извини на Русите: Тоа што ви го прават ФИФА и УЕФА е апсолутно погрешно

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

Руски дрон погоди станбена зграда во Херсон, пет минути пред да започне примирјето

А1он

Антируски наратив има и во Америка и во Европа

А1он

Московски суд го одби барањето на Американецот Дејвид Барнс да биде ослободен од руски затвор

А1он

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме