Столтенберг: Сè укажува дека Русија планира целосен напад на Украина

Од:

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг синоќа во Минхен изјави дека сè укажува дека „Русија планира целосен напад“ на Украина, пренесе Бета.

– Сите се согласуваме дека ризикот од напад е многу голем, изјави Столтенберг за германската телевизија АРД во Минхен, каде што учествува на Минхенската безбедносна конференција.

Неименуван претставник на Алијансата претходно изјавил дека НАТО го префрлил својот персонал во Украина од Киев во Лавов, во западниот дел на земјата, и во Брисел, за да ја осигура нивната безбедност.

– Безбедноста на нашиот персонал е најважна, така што персоналот е преместен во Лавов и Брисел. Канцелариите на НАТО во Украина остануваат оперативни, рекол претставник на НАТО, без да го прецизира бројот на персоналот.

Неколку западни земји веќе ги префрлија своите дипломати од Киев во Лавов, град во близина на границата со Полска, во очекување на можна руска воена акција.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Клучен разговор меѓу Трамп и Путин денеска

Макрон: Сега останува на Русија да докаже дека навистина сака мир

Горан Наумовски

Украина: Имаме три многу солидни црвени линии

Макрон: Не ни треба руска дозвола за испраќање војници во Украина

Трамп утре ќе разговара со Путин за завршување на војната: „Веќе договараме за поделба на ресурси“

Катерина Ѓуровски

Москва предупредува: Времето истекува