Деветогдишното момче кое три дена беше заглавено во бунар во Авганистан почина токму кога спасувачите стигнале до него. Детето беше загалвено на длабочина од 10 метри, бунарот е длабок 25 метри.
„Со голема тага морам да објавам дека младиот Хаидар засекогаш не напушти“ – изјави Анас Хакани, советникот на талибанскиот министер за внатрешни работи.
Latest on Haidar stuck in the well
They brought down food for him and he ate Alhamdulillah
There’s still hope pic.twitter.com/ijYFT7uNvk— اسلامپال پښتون (@IslamPaal) February 17, 2022
Портпаролот на полицијата соопшти дека момчето било на умирање кога спасувачите стигнале до него. Во првите момети кога спасувачката акција завршила, детето дишело, а медицинскиот тим го ставил на кислород. Кога се обиделе да го префрлат во хеликоптер, починало.