Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев синоќа повторно постигна гол за својот клуб Наполи во контролниот дуел на домашен терен против турскиот клуб Галатасарај.
Пандев искористи една нафрлена топка пред гостинскиот гол и реализира со глава уште во 5. минута за водство од 1:0.
Конечниот резултат беше 3:1 за италијанскиот вицепрвак, а гостите поради два црвени картони натпреварот го завршија со девет играчи.
Неколку дена порано Македонецот во дресот на Наполи постигна гол и на пријателскиот дуел со Капри.